бисерница | ж.

Тамбура со врвен квалитет, со примат кај овој вид инструменти.

бисеров | прид.

Бискајски Залив | м.

Залив во Франција, во Атлантскиот Океан.

бисквит | м.

Тенки, тврди колачи од брашно, шеќер и јајца.

бискуп | м.

Католичко свештено лице што управува со бискупија; епископ.

бискупија | ж.

Црковна област со која управува бискуп.

бискупов | прид.

Што припаѓа на бискуп. Бискупов двор. Бискупова капа. Бискупова мисла.

биста | ж.

Вајарско дело што го претставува човечкото тело до појас. Бронзена биста. Мермерна биста. Биста на млад херој.

бистар | прид.

Што е проѕирен и чист; спрот. матен. Бистар кладенец. Бистра вода. Бистра ракија. Бистро езеро. Бистри реки.