благодарејќи | прил.
Со помош, со посредство. Само благодарејќи на големата братска љубов, делбата стана со арно.
благодари | св. и несв.
Изрази, изразува благодарност, признателност за сторено добро. Ви благодарам многу. Благодариме за вниманието. Благодарете му на Бога! Децата благодареа за подароците. Валијата учтиво му благодари.
благодарница | ж.
Писмена изјава на благодарност за нешто. Благодарници и плакети добија установи, организации и поединци.
благодарствен | прид.
Што изразува благодарност. Благодарствен одговор. Благодарствена реч. Благодарствено писмо. Благодарствени химни.
благодат | м.
(црков.) Благослов, милост што се бара од Бога; божји дар. Божји благодат. Архиерејот побара благодат и мир од Господ Бог. Благодат од небеса. Изговорен благослов носи благодат во животот.
благодатен | прид.
Што дава, носи благодат, благотворен, корисен. Благодатна роса. Благодатен порој.
благодушен | прид.
Што е со блага, со добра душа, добродушен, милостив, благороден. Благодушен војник. Благодушна болничарка. Благодушен градител на цркви.
благодушие | ср.
Благодушност, добродушност.
Благоевград | м.
Град во Бугарија.
благозвучен | прид.
Што има благ звук, што звучи пријатно, милозвучен. Благозвучен збор. Благозвучна фраза.