боа | ж.

Вид змија, змиски цар; Boa constrictor. Околу вратот на животното беше замотана боа.

боб 1 | м.

Бакла; грав; Vicia faba L.

боб 2 | м.

Санка за лизгање со повеќе места со два пара лизгалки од кои предниот е подвижен и служи за управување. Лизгањето со боб е опасен спорт.

бобинка 1 | ж.

Општ назив за секој зрнест ситен плод. Грмушката беше начичкана со некакви црвени бобинки.

бобо | ср.

Детски израз за зрнеста храна. Мамо, дај ми бобо.

боболка | ж.

Дудинка, бела црница; Morus. Во дворот имавме голема боболка.

боболкница | ж.

Листопадно дрво со сладок плод; дрво на дудинка, бела црница; Morus. Од боболкницата ми падна една гасеница во вратот. Децата сакаа да се качуваат на боболкницата и да зобаат боболки.

боботи | несв.