блуди | несв.

Скита, лута. Тој блудеше по светот.

блудник | м.

Човек што прави блуд, развратник. Тој е стар блудник.

блудничи | несв.

Врши блуд, полови дејства врз друго лице. Тројца гостиварци блудничеле со малолетничка.

блуе | несв.

(разг.) Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот. Таа цела ноќ блуеше.

блуеница | ж.

Тоа што се повраќа, што е изблуено. Тој со крпата ги бришеше блуениците од подот.

блуз | м.

Стил во музиката, песни, музика со меланхоличен призвук, карактеристичен за американските црнци. Блузот ‒ тоа е гласот на црна Америка.

блуза | ж.

Горен дел од женска облека, направен од тенок материјал или плетен. Девојката беше во бела памучна блуза и здолниште во боја.

блуткав | прид.

Храна, пијалак без одреден вкус. Храната имаше блуткав вкус. Водата е млака и блуткава.