обдукционен | прид.
обдуцира | св. и несв.
Изврши, извршува обдукција. Лекарот обдуцираше пред група студенти.
обед | м.
обединет | прид.
Што е под едно раководство. Обединета република.
Обединети Арапски Емирати | и.
Држава на Арабискиот Полуостров, Азија.
обедини | св.
Соедини, спои одделни единици (работи, сектори итн.) во една целина и под едно раководство. Синдикатот треба да ја обедини работата на сите организации на теренот.
обединител | м.
Тој што обединува, што извршил обединување. За народот тој не беше обединител, туку поробител.
обединувач | м.
обединувачки | прид.
Што се однесува на обединување. Обединувачки фактор. Обединувачки средства.