обедува | несв.

обез- | претс.

(обес- пред безвучна согласка) Сложена претставка/префикс за образување глаголски и одглаголски форми, со значење лишување од нешто, немање на нешто: обезвредни, обезглави, обезличи, обесправеност, обесхрабри, обесштетување.

обезбеден | прид.

Што е снабден со нешто, што сигурно го има; осигурен. Обезбеден билет. Обезбедена работа.

обезбеди | св.

Доведе некого или нешто во нормална и сигурна состојба; заштити од опасност. Тие им обезбедија засолниште на луѓето од воздушните напади. Војниците добија задача да го обезбедат рудникот.

обезбедување | ср.

Глаголска именка од обезбеди.

обезбои | св.

Направи нешто да изгуби боја. Таа го обезбои платното.

обезвредни | св.

Направи нешто да биде без вредност, да изгуби вредност. Управникот за кратко време ја обезвредни фирмата.

обезглавен | прид.

Глаголска придавка од обезглави.

обезглави | св.

Убие некого со отсекување на главата. Заробените војници ги обезглавија.