обесправен | прид.
Што е лишен од некакви права, што е без права. Обесправени граѓани.
обесправи | св.
Лиши некого од определени законски права. Директорот ги обесправи работниците. Со овој закон власта ќе ги обесправи етничките заедници.
обеспраши | св.
Исчисти нешто од прашина. Таа го обеспраши подот во собата.
обессилен | прид.
Што е слаб, без сила; бессилен. Обессилен човек.
обессили | св.
Одземе сила некому, измори, изнемошти некого. Тој уште со првиот удар го обессили противникот.
обесхрабрен | прид.
Што изгубил, што нема храброст, што е исплашен, малодушен. Обесхрабрени натпреварувачи.
обесхрабри | св.
Направи некој да изгуби храброст, деморализира, исплаши некого. Уште со првиот неуспех, таа го обесхрабри својот тренер. Лошите вести ги обесхрабрија селаните.
обесхрабрувачки | прид.
Што обесхрабрува, што предизвикува обесхрабрување. Обесхрабрувачки резултати.
обесцени | св.
За пари, вредносни хартии и др. – направи да ја загуби цената, вредноста. Пазарот ги обесцени акциите на фирмата.
обесчести | св.
Посрамоти, понижи некого, извалка чест некому. Таа науми да ги обесчести и мажот и неговата фамилија.