обесштети | св.
Даде отштета за нанесена загуба, штета. Државата ќе ги обесштети лицата чии имоти беа поплавени.
обете | бр.
За именки од женски и од среден род – и едната и другата, и едното и другото; двете. Обете раце. Обете страни. Обете ќерки. Обете села. Обете деца.
обетка | ж.
Накит што се носи на ушите. Златни обетки. Долги обетки.
обжали | св.
Поднесе жалба за донесено решение, пресуда со барање за повторно разгледување. Го обжали решението за отказ од работа.
обзема | несв.
обземе | св.
Опфати нешто, некоја целина. Огнот ја обзеде куќата од сите страни.
обземен | прид.
Што е опфатен, совладан, понесен од нешто. Обземен од бес. Обземен од восхит.
обзима | несв.
обзори | св.
(само во 3 л. едн.) Настапи зора, зазори. Заминавме пред да обзори.
обзрне се | св.