обѕида | св.
Загради, огради или обложи нешто со ѕид. Тие го обѕидаа дворот околу куќата. Ја обѕидал бараката.
обѕир | м.
Внимание, разбирање, почит кон некого или кон нешто. Тој не покажа никаков обѕир во работата. Таа има обѕири спрема нас. Го направи тоа од обѕир кон старицата. Без обѕир (на нешто) – не водејќи сметка за нешто. Со обѕир (на нешто) – водејќи сметка за нешто. Земе во обѕир – разгледа нешто, посвети внимание на нешто.
обѕира се | несв.
обѕирне
обѕирне се | св.
обѕре се | св.
обѕрне се | св.
Се сврти со поглед, се обгледа. Таа не се обѕрна назад. Сите се обѕрнаа. Тој се обѕрна наоколу.
обива | несв.
обигра | св.
Со играње заобиколи некого или нешто. Пијаниот обигра околу огнот.
обид | м.
Постапка, чин, дејство со кое се проба да се направи или да се постигне нешто. Обид за кражба. Обид за убиство. Обид за бегство.
обиде | св.
За јадење или за пијалак – вкуси, проба. Зедов да ја обидам ракијата. Тој обиде од мезето.