обие | св.
Насила отвори, насила, со разбивање влезе во затворен простор. Обие врата. Обие каса.
обиколен | прид.
Што обиколува, што овозможува обиколување. Обиколен пат.
обиколи | св.
Помине, направи движење околу нешто. Војниците го обиколија селото.
обиколка | ж.
Обиколување на нешто, поминување околу нешто. Направив една обиколка околу градот.
обиколница | ж.
Пат што поминува околу населено место. Се гради обиколницата околу Скопје.
обилен | прид.
Што го има во големо количество, во изобилство. Обилна храна. Обилна жетва. Обилен дожд.
обилие | ср.
Изобилство, големо количество од нешто. На масата имаше обилие од јадења.
обилува | несв.
Има нешто во изобилство, е богат, полн со нешто. Ракописот обилува со богата орнаментика. Нашата земја обилува со природни убавини.
обир | м.
Кражба, крадење. Тие се плашеа од сѐ почестите обири и зулуми во селото.
обира | несв.