обирачка | ж.
обичаен | прид.
Што се однесува на обичај, што настанува по обичај. Обичајни правила.
обичај | м.
Општоприфатен начин на живот, работа, однесување и сл. кој со текот на времето се затврдува како општествено правило, преминува во традиција. Народни обичаи. Свадбени обичаи.
обичен | прид.
Што не се одликува со посебни својства, што е вообичаен, секојдневен. Обичен живот. Обичен ден. Обична работа. Обични луѓе.
објава | ж.
Писмено или усно соопштение за нешто; јавно известување, оглас. Сите медиуми ја пренесоа објавата за штрајк на работниците.
објави | св.
Разгласи нешто, огласи, соопшти нешто некому. Владата објави предвремени избори. Сите весници објавија коментари за протестниот собир.
објавител | м.
објавувач | м.
Тој што објавува нешто. Објавувачот на текстот е непознат.
објагни | св.
За овца – роди јагне. Овцата објагни две јагниња.
објало | ср.
Завивки, навои на нозете во вид на дебели чорапи. На нозете имаше објала од сиво сукно.