обред | м.
Строго утврдени активности, дејства поврзани со вршење на определени верски ритуали или со народни верувања и обичаи. Свадбен обред. Религиозни обреди.
обреден | прид.
Што се однесува на обред. Обреден леб. Обредна поезија. Обредни молитви.
обредник | м.
Црковна книга која содржи молитви и активности поврзани со определени верски обреди и ритуали; требник.
обреже | св.
Изреже, исече краишта на нешто, обично вршки, гранчиња на растение. Тој ги обрежа јаболкниците во дворот.
обрежување | ср.
Отсекување на еден дел од кожата на половиот орган кај мало момче, според прописите на еврејската и муслиманската религија.
обрез | м.
Место каде што е направено обрежување. Обрез на дрво.
обрекува | несв.
обремени | св.
Оптовари некого со нешто (со грижи, со проблеми, со должности и сл.). Таа не сакаше никого да обремени со својата тага. Шефот ме обремени со многу должности.
обрецне се | св.
Се обрати, приговори некому грубо, со висок тон. Тој остро ѝ се обрецна на жена си.
обрече | св.
Даде збор, вети нешто некому. Тој обрече дека ќе ја исполни татковата желба.