обраќање | ср.

Глаголска именка од се обраќа и 2.

обрани | св.

Подрани. Обранила девојката за на вода.

обраснат | прид.

Што е покриен со трева или со некакво друго растение. Обраснат со мов. Обраснат со трње. Обраснат со трева.

обрасне | св.

Се покрие нешто со израсната трева или со некакво друго растение. Дворот обрасна со трева. Камењата обраснале со мов. Сиот брег е обраснат со густ капињак.

обрастен | прид.

обрат | м.

Неочекувана, брза промена, пресврт во развојот на нешто; пресврт. Во текот на работата настана неочекуван обрат.

обратен | прид.

За правец – што е спротивен од дадениот, првичниот. Обратен правец на движење. Обратна насока. Обратен пат.

обрати | св.

Обрне, посвети внимание некому или на нешто. Тој го обрати сето внимание на ученикот. Не обрати внимание на неговите зборови.

обрач | м.

Свиткана во форма на круг дрвена или метална прачка или лента што служи за стегање на дагите на бочва, каца и сл. Железен обрач.