обрешка | ж.
Тоа што е обрежано, што паѓа при обрежување од обреже
обричи (се) | св.
обрише (се) | св.
обрндави | св.
Извалка, направи да биде нечисто. Го обрндави новиот фустан.
обрне | св.
обрати_1 Таа не обрна внимание на неговиот гест. Никој не го забележа и не му обрна внимание.
оброди | св.
Даде многу род, роди, народи нешто во голем број. Јаболкницата обродила / на една ветка пет јаболка.
оброк | м.
Определено количество храна што се јаде во текот на денот во вид на појадок, ручек или вечера. Топол оброк. Утрински оброк. Јадеше по два оброка дневно.
оброни | св.
Направи нешто со ронење, со распаѓање да се урне, да се разруши. Силниот дожд го оброни песочниот насип.
оброси | св.
Покрие со роса, ороси, нароси. Роса го оброси сето поле.
оброчиште | ср.
Место каде што некогаш имало црква; црквиште.