обрсти | св.

За животно – изеде со брстење лисја и млади гранчиња. Козите ги обрстија младите лески.

обрт | м.

Ставање во употреба, движење, циркулација, промет на пари, капитал и сл. Обрт на пари. Обрт на капитал.

обртен | прид.

Што се однесува на обрт. Обртен капитал. Обртни средства.

обружа | св.

Дотера, накити некого или нешто. Девојките го обружаа коњот на младоженецот.

обува | несв.

обувало | ср.

(само едн.) Тоа што се обува, што се носи на нозете. Од воловската кожа си направи обувало. Го собу обувалото и влезе во водата.

обувка | ж.

Предмети од кожа или од друг материјал што служат за обување и заштита на нозете од студ, вода, повреди и сл. Стари обувки. Летни обувки. Обувки за спортување.

обуе | св.

Стави обувки или чорапи на нозете некому или себеси. Ги обу новите чевли со високи ѓонови. На децата им обу волнени чорапи.

обуен | прид.

Што е со обувки или со чорапи; Си легна обуен. Влезе во водата обуен.

обузди | св.

Стави узда на коњ. Не можеше да го обузди коњот.