овластеник | м.
Тој што добил или што има некакво овластување; ополномоштеник. Државен овластеник. Судски овластеник.
овласти | св.
Даде некому полномоштво, даде некому дозвола, можност да застапува некого; ополномошти. Ме овластија да раководам со фирмата до изборот на нов директор. Него го овластија за претседавач на оваа седница.
овластител | м.
овластување | ср.
Глаголска именка од овласти.
овластувач | м.
Тој што овластува, што дава овластување. Законски овластувач.
овнешки | прид.
Што се однесува на овен, што е од овен. Овнешка кожа. Овнешко месо.
ововче | ср.
овогодишен | прид.
Овогодишен род.
овоземен | прид.
Што се однесува на овој свет, на овој живот; Овоземен живот. Овоземни радости.
овоземски | прид.
Овоземски суштества.