овозможи | св.
Направи да стане возможно, создаде услови, можности за да се изврши нешто. Тој ми овозможи услови за работа. Тие ми овозможија да студирам.
овој | зам.
Показна заменка со која говорителот го определува лицето или предметот што е во негова непосредна просторна или временска близина. Овој човек. Овој стол. Оваа книга. Ова дете. Овој град. Овој пат. Овој ден. Оваа недела. Ова лето.
овоплоти | св.
овошен | прид.
Што се однесува на овошје, што е од овошје. Овошна градина. Овошен сок. Овошна салата.
овошје | ср.
Плодови од овошни растенија што служат за исхрана. Сушено овошје. Јужно овошје. Овде успеваат различни видови овошја.
овошка | ж.
Дрво што раѓа овошни плодови. Расцветана овошка. Диви овошки. Млади овошки.
овошник | м.
овоштар | м.
Лице што одгледува овошни растенија и ги продава нивните плодови. Индивидуални овоштари.
овоштарник | м.
Место што е насадено со овошни дрвја. Се шеташе низ овоштарникот.
овоштарски | прид.
Што се однесува на овоштар и на овоштарство. Овоштарски ножици. Овоштарски крај.