огледен | прид.

Што е пробен, експериментален. Огледен дел.

огледник | м.

Тој што ја гледа девојката што е за мажење, стројник;

оглода | св.

Изгризе, изеде нешто до крај со глодање. Месото беше толку вкусно што ги оглодавме и коските. Глувците ја оглодаа кората на црешата во дворот.

оглувеност | ж.

Состојба на тој што е оглувен.

оглуви | св.

Стане глув, го изгуби слухот. Тој оглувел од силната експлозија. Од големото бучење на машините оглувеа неколку работници.

оглупавеност | ж.

Состојба и особина на тој што оглупавел.

оглупави | св.

Стане глупав. Тој оглупаве откако се заљуби.