оглав | м.
огламник. Го испушти оглавот од коњот.
оглави (се) | св.
Договори свршувачка(се) сврши.
огладни | св.
Стане гладен. Денес многу огладнев. Децата огладнеа од многу играње.
огламник | м.
Предмет направен од јаже или од кожа што се става околу главата на животно (обично коњ, магаре) за да се води. Го фати коњот за огламникот.
оглас | м.
Јавно писмено или усно известување за нешто (преку весник, радио, на огласна табла и сл.). Оглас за продажба на станови. Даде оглас во весник. Табла за огласи.
огласен | прид.
Што се однесува на оглас
огласи | св.
Даде оглас во весник или на друг начин преку оглас објави нешто. Тој го огласи станот за продавање во весник. Не успеа да го продаде автомобилот иако го огласи неколку пати.
оглед | м.
Проба, опит, експеримент. Хемиски оглед. Лабораториски огледи.
огледа | св.
Прегледа, разгледа внимателно. Луѓето што дојдоа го огледаа целиот имот.
огледало | ср.
Мазна, блескава површина, обично од стакло, покриена со амалгам од едната страна во која се одразуваат лицата и предметите што се наоѓаат пред неа. Ѕидно огледало. Овално огледало. Застана пред огледалото.