огноотпорен | прид.

Што е отпорен на оган, што поднесува многу висока температура. Огноотпорен сад. Огноотпорна материја.

огнопер | прид.

Што има перја со огнена боја. Огнопер петел.

огнострелен | прид.

За оружје – што стрела, што овозможува стрелање. Огнострелно оружје.

оголее | св.

Остане без растителност, без лисја, без влакна и сл.; оголи 2. б).

оголеност | ж.

Состојба на тој што е оголен или на тоа што е оголено.

оголи | св.

Направи да биде гол, соблече, открие до голо; разголи. Девојката ги оголи рамениците. Детето ги оголи колената и влезе во вода.

огологази | св.

Разголи некого, покаже нечиј газ. Мајката го огологази детето и го изми во реката.