огон | м.
огори | св.
огорчен | прид.
Што е бесен, гневен, лут, навреден од некого или од нешто. Тој беше огорчен од загубата на жената. Огорчен човек. Огорчен во душата.
огорчение | ср.
огорчи | св.
Осети горчлив вкус. Оревот што го пробав, ме огорчи.
ограби | св.
Насилно одземе нешто, украде, опљачка. Некој ја ограбил куќата на соседите. Крадците ја ограбија државната банка.
ограбувач | м.
Тој што ограбува, што врши грабеж. Ограбувачите го опустошија селото.
ограда | ж.
Тоа со што е нешто (нива, земја, куќа и сл.) оградено, одвоено од нешто друго во просторот. Железна ограда. Камена ограда. Дрвена ограда.
огради | св.
Загради, опколи со ограда. Тој го огради лозјето со бодликава жица. Куќата ја оградија со железна ограда.
оградиса | св.
Се разболе тешко од нагазување на лошо место според народното верување, таму каде што одат самовилите или таму каде што ги чуваат нивните деца. Се плашеше дека ќе оградиса ако помине под стреата ноќно време.