божуриште | ср.

Место обраснато со божур.

божуров | прид.

Што се однесува на божур. Божуров цвет.

божјак | м.

Просјак, питач. Неколкумина божјаци седеа пред црковните порти со испружени раце.

божјачи | несв.

Проси, пита. Тој божјачи пред црковните порти секоја недела.

божји | прид.

(од бог)

боз | м.

Грмушка или помало дрво со бели цветови со силен пријатен мирис и црни ситни плодови со црвеномодар сок; бозел; Sambucus nigra. Седеше во меѓата заграден со боз, мирудија, коприви и капини.

боза | ж.

Ориентален, безалкохолен, матен пијалак од квасец и пченкарно брашно. Се освеживме со ладна боза.

бозаџилак | м.

Занает што го опфаќа производството на боза.

бозаџилница | ж.

Работилница и слаткарница во која се прави, односно се продава боза. Тие наминуваа често во бозаџилницата на крајот од улицата.

бозаџија | м.

Произведувач и продавач на боза.