боздоган | м.

Средновековно ладно оружје, железна топка со боцки и со куса рачка погодна за фрлање и удирање на противникот. На самарот од шарениот коњ стоеше голем и тежок боздоган.

бозел | м.

Sambucus nigra. Крај изворот растеа грмушки од бозел и пелин. Сок од бозел.

бои | несв.

Бојосува, прави да биде во друга боја. Децата боеја на часот по ликовно во боенките.

бои се | несв.

Се плаши. Не бој се, нема ништо да стане.

боица | ж.

Училиштен прибор за боење. Водени боици. Темперни боици.

боиште | ср.

Место каде што се бие битка, бојно поле. И даде господ, некако се стиши боиштето.

бок | м.

Страна. Стариот лежеше на бок. Бродот беше свртен на левиот бок.

Бока Которска | ж.

Залив во Црна Гора.

бокал | м.

Сад за вода или вино. Крчмарката стави два бокала со вино пред гостите. Бокалот со вода одеше од рака на рака меѓу жените што ручаа.

боклук | м.

Ѓубре, буниште, отпадоци.