одежда | ж.
Облека на свештениците. Свештеничка одежда.
одек | м.
Звук што се слуша како повратен ек; ехо.
одекне | св.
Развие ехо, одглас. Одекна грмеж. Одекна истрел во ноќта.
одење | ср.
Глаголска именка од оди. По два часа одење излегоа од шумата. Дотаму има уште многу одење.
одер | м.
одере | св.
Симне, отстрани кожа од животно. Месарот вешто го одра јагнето.
одерка | ж.
Лозница што служи за држење сенка во двор. Тој седна под одерката.
оджеди | св.
Изгаси жед. Студената вода го оджеди.
одживее | св.
Помине живот или некој период од него; проживее, изживее. Тој го одживеа својот век.
одживелица | ж.
Остаток од нешто што е преживеано, што го отслужило своето. Тие зборови се една одживелица, немаат корен во живиот јазик.