одзад | прил.
одзаден | прид.
Што се наоѓа одзади. Одзаден влез.
одзади | прил.
На задната страна. Таа влезе во автомобилот и седна одзади. Стоеше со рацете одзади. Некој го потчукнуваше одзади за да замолчи.
одзапне | св.
Ослободи нешто запнато;
одзатне | св.
Повторно отвори некаков отвор што бил затнат со нешто; Двајца работници со сајла ја одзатнаа одводната цевка во бањата. Ги одзатна ушите за да слушне што го прашуваат.
одзве се | св.
Одговори со глас на нечиј повик. Таа викна неколкупати, но никој не се одзва. Го слушна своето име, ама не се одзва.
одзвук | м.
одзема | несв.
одземање | ср.
Глаголска именка од одзема. Насилно одземање. Одземање на оружјето.
одземе | св.
Скуси, намали. – Одземи ги малку ракавите, долги се. – Одземи десет сантиметри од должината на фустанот.