одјури | св.
Избега, истрча. Уште не докажа, децата одјурија надвор. Одјури со стариот автомобил и зад себе остави облак од чад и прав.
одлабави | св.
Направи нешто да е лабаво. Се прејаде, па мораше да го одлабави ременот.
одлага | несв.
Помести временски за подоцна. Го одлагаше испитот неколкупати. Тие го одлагаа соочувањето со своите противници.
одлази | св.
Замине со лазење. Детенцето одлази до креветчето.
одлачи | св.
Оддели, издели. Ги одлачи новите од старите весници.
одлебди | св.
Замине со лебдење. Правот што се крена одлебди со тивкиот ветер.
одлева | несв.
одлево | прил.
На левата страна; До него одлево застана пристара жена. Тие живееја на вториот кат, првата врата одлево. Одлево од патот имаше ред багреми.
одлее | св.
Со леење отстрани дел од течност што се наоѓа во некаков сад; оттури. Одлеа малку од бокалот за да не го истури по пат.
одлежи | св.
Лежи определено време болен. Одлежа една седмица од грипот. Таа зима таа ја одлежа во болница.