одлепи | св.

Одвои нешто залепено; раздели нешто споено. Одлепи го фластерот, побрзо ќе ти зарасне плускавецот. Дедото ги одлепи усните и тивко прозбори.

одлета | св.

Замине со летање; се оддалечи; долета. Одеднаш гулабот се исплаши и одлета. Два галеба одлетаа во ист правец на синиот хоризонт.

одлив | м.

(геогр.) Периодично повлекување на нивото на водата на морски брег; прилив. Опасно е да се плива за време на одливот.

одливка | ж.

Фигура, предмет добиен со постапка на леење метал во калап; Бронзена одливка. Одливка во форма на цвет.

одливник | м.

Предмет низ којшто насочено истекува вода; олук. Металните одливници тропаа од дождот.

одлие | св.

одлика | ж.

Тоа со што се одликува или според кое се изделува некој или нешто; карактеристично обележје, суштествена особина или својство. Трпеливоста е негова најголема одлика. Битна одлика. Одлика на македонскиот литературен јазик.

одликува | св. и несв.

Даде, дава некому признание, награда. Овој наш писател го одликуваа со највисокото државно признание.

одликување | ср.

Глаголска именка од одликува.