одлути се | св.
Престане да е лут. Се лутеше малку, ама се одлути.
одлучен | прид.
Што е цврст, непоколеблив при донесувањето одлуки, решенија. Одлучен човек. Одлучен раководител.
одлучи (се) | св.
Донесе одлука, реши нешто. (Се) одлучи да замине. Комисијата одлучи негативно по приговорите.
одлучувачки | прид.
Што одлучува, од кој зависи донесувањето на крајниот заклучок; решавачки, пресуден. Одлучувачки меч. Одлучувачки фактор.
одлушне | св.
Оштети со откршување, одделување на мал дел од нешто. Миејќи го таа го одлушна тенџерето.
одљуби | св.
Престане да чувствува љубов, да сака некого; Поради пиењето таа го одљуби сопругот.
одма | прил.
одмавне | св.
Со мавтање, со движење на раката или на главата покаже несогласување, одбивање или помирување со нешто. Презриво одмавна со раката и ништо не одговори. Одмавна со главата колку да покаже дека се лути.
одмага | несв.
Не помага, ама и не одмага.
одмагли | св.
(прен. жарг.) Избега, исчезне. Штом виде што направи веднаш одмагли. Не чекаше да го избркаат, самиот одмагли.