одмазда | ж.

Свесна, повратна реакција на некое злосторство заради лично задоволување за извршената неправда, насилство и сл. Лута одмазда. Желба за одмазда. Само одмазда можеше да го смири.

одмазди | св.

Казни злосторник во име на жртвата. Тој го одмазди својот брат. Синот го одмазди татка си. Семејството ја одмазди смртта на својот најмлад член.

одмаздлив | прид.

Што е склон на одмазда, што може да се одмазди. Одмаздлив човек. Тој имаше одмаздлив карактер.

одмаздник | м.

Тој што (се) одмаздува. Тој беше одмаздникот. Селаните го избраа за одмаздник.

одмазднички | прид.

Што се однесува на одмаздник. Одмазднички потег. Одмазднички мисли.

одмаздувач | м.

Тој што (се) одмаздува; Тој беше одмаздувач од народот.

одмаздувачки | прид.

Што се однесува на одмаздувач. Одмаздувачки постапки.

одмандали | св.

Отвори врата што била затворена со мандало, резе и сл.; Ја одмандали портата. Рацете му се тресеа, одвај ја одмандали вратата.