бокс 1 | м.

(само едн.) Борба со тупаници меѓу двајца противници во ринг, со специјални ракавици и со определени правила. Пред војната тој се занимавал со бокс.

бокс 2 | м.

Посебно обработена телешка кожа за обувки. Тој носеше чевли од јак црн бокс.

бокс 3 | м.

Преградено место во некој објект со одредена намена. Гардеробата на железничка станица има многу боксови за багаж. Свињите на фармата се сместени во посебни боксови.

боксер | м.

Спортист што се занимава со бокс.

боксира | несв.

боксит | м.

Руда од која се добива алуминиум.

бокситен | прид.

Што се однесува на боксит Бокситна руда.

боксува | несв.

Се занимава со бокс. Тој боксува веќе десет години.

боктиса | св.

Додее, досади. На сите им боктиса.

болва | ж.

Ситен инсект со нозе прилагодени за скокање, без крила, кој живее како паразит по луѓето и животните; Pulex iritans