бомбардер | м.
Авион наменет за бомбардирање. Лесни бомбардери. Тежок бомбардер.
бомбардира | св. и несв.
Исфрли, исфрла бомби од авион, врши бомбардирање. Италијанците ја бомбардираа пругата и урнаа дел од тунелот.
бомбастичен | прид.
Претерано накитен, патетичен, страстен говор. Неговата бомбастична изјава сите ја слушаа со климање на главата.
бомбаш | м.
Тој што фрла бомби. Први удрија бомбашите.
Бомбај | м.
Пристаништен град во Индија.
бомбе | ср.
Полуцилиндер. Луѓето ги оставаа парите во црно големо бомбе.
бон | м.
Паричен знак. Бонови за топол оброк.
Бон | м.
Град во Германија.
бонбон | м.
Ситен сладок производ од стопен ароматизиран шеќер или од чоколада и др. Желе бонбона. Чоколадни бонбони
бонбониера | ж.
Убаво спакувана кутија со бонбони, обично чоколадни.