бонбонџија | м.

Продавач на бонбони. Бонбонџијата во дуќанот на аголот секогаш имаше прекрасни бонбони.

бонвиван | м.

Човек што е склон на уживање, што сака лесен живот. Уметниците го сметаа за голем бонвиван.

бонитет | м.

Белези што го прават субјектот добар и сигурен должник; кредитоспособен и ликвиден, солвентен; добра позиција и репутација на должникот во деловните односи. Сите пријавени на тендерот доставија документи за бонитет.

бонсек | м.

Пила за сечење метал, железни предмети.

бонтон | м.

Правила за убаво однесување. Тоа не е по бонтон.

бор 1 | м.

Високо зимзелено иглолисно дрво; Pinus; бел бор; Pinus silvestris. Полјанчето беше опколено со високи борови и буки. Седнаа на ледината под борјето.

бор 2 | м.

Хемиски елемент; симбол B.

боравалка | ж.

Мешалка, лажица за мешање при готвење, обично дрвена. Жената боравеше со боравалката во тенџерето.

боравенка | ж.

Шарена кошула, везена со повеќе бои. Таа ѝ остави пет везени кошули, три алови и две боравенки.

борави | несв.

Меша, обично храна при приготвување. Жената ги борави тепсиите ориз да не заварат.