болска | несв.
За молскавица ‒ молска, сека. На небото болскаа секавици.
болскав | прид.
Сјаен. Болскава месечина.
болскот | м.
Сјај, блесок. Болскотот на кристалите ги заслепуваше.
болскоти | несв.
Силно свети, сјае. Ден снежеше, ден болскотеше скржавото сонце.
болсне | св.
За молскавица ‒ молсне, секне. На небото болсна веда.
болшевизам | м.
Политичко движење во руската социјалдемократија од крајот на 19 и почетокот на 20 век, и воопшто, обележје на комунистичка партија и именување за целокупната стратегија и тактика на класната борба.
болшевик | м.
Припадник, приврзаник на болшевизмот.
болшевички | прид.
Што се однесува на болшевик и болшеви Болшевичка партија. Болшевичко движење.
болјар | м.
Феудален земјопоседник, припадник на повисокиот слој на феудалната класа во Русија и во некои други земји; големец, великаш, властелин. Некој угледен влашки болјар ги поканил на гости.
бомба | ж.
Метално тело, предмет исполнет со експлозив, наменет за уништување објекти и жива сила. Атомска бомба. Рачна бомба.