босота | ж.
Состојба на тој што е бос;
босотија | ж.
бостан | м.
Нива, место насадено со бостан. Застанал како плашило сред бостан.
бостаниште | ср.
Аугм. од бостан.
бостанџија | м.
Човек што одгледува и/или продава бостан. Бостанот го одгледуваше еден стар бостанџија.
Бостон | м.
Град во САД.
Босфор | м.
Морски проток кој ги поврзува Мраморното и Црното Море.
ботаника | ж.
Наука за растенијата, дел од биологијата.
ботаничар | м.
Тој што се занимава со ботаника.
ботее | несв.
Расте бујно, се развива, напредува. Полето ботееше под пролетното сонце.