бофл | м.
Стока со лош квалитет. Бофл стока.
бофча | ж.
боц! | изв.
Извик за означување дека нешто боде, обично на шега, во игра и сл
боца | ж.
Сад под притисок со вентил во кој се чува гас. Плинска боца.
Боцвана | ж.
Држава во Африка.
боцка | ж.
Тврд шилест израсток кај некои билки и животни. Магарешкиот трн е целиот обрастен со боцки. Ежови боцки.
боцка | несв.
Боде, притискајќи со нешто остро. Тој ги боцкаше децата со трн во грбот. Ежот боцка со боцките.
боцкав | прид.
Што боцка, што има боцки, што има својство да боцка. Боцкав тел. Боцкава брада.
боцкалка | ж.
боцкач | м.
Тој што многу боцка, бреца; Тој е голем боцкач.