боцлив | прид.

Што боцка, што има боцки. Боцлива жица. Боцлива ограда.

боцне | св.

Пробие во нешто со шилест предмет. Стариот го боцна компирот со виљушката. Лаборантот го боцна детето во прстето со специјална игла.

бочва | ж.

Голем дрвен сад со два газера стегнат со обрачи во кој се чуваат течности, најчесто вино; големо буре. За зима остававме вино во бочвите. Бочва од најдобар планински даб дише, пропушта воздух, иако не е за верување.

бочвар | м.

Тој што изработува бочви. Тој две години учеше за бочвар кај еден мајстор.

бочварница | ж.

Место каде што се чуваат бочви. Во бочварницата се чувствуваше кисел мирис на комиње.

бочварство | ср.

Бочварски занает. Бочарството изумира во последниве години како занает.

бочен | прид.

Страничен. Бочната страна на бродот беше малку оштетена од ударот.

бош | прид.

Празен, несодржаен, јалов. Бош муабет. Бош работа.

Бошавица | ж.

Река во Македонија.

Бошавија | ж.

Област во Македонија во подножјето на планината Кожув.