бојкот | м.
Прекин на врските, отфрлање или исклучување на некоја општествена група или поединец, најчесто како средство за притисок во политичка или во економска борба. Бојкотот против него траеше четири години. Економскиот бојкот беше еден од основните причинители на судирот на црковно-просветното поле.
бојкотира | несв.
Прави бојкот. Ние ги бојкотиравме нивните состаноци.
бојлер | м.
Затворен, метален сад за греење вода. Во бањата имавме голем бојлер.
бојлија | прид.
Стасит, висок. Момчето беше високо, бојлија.
бојник 1 | м.
Слатководна риба, вид крап; Chondrostoma nasus. Рибарите фатија два бојника и неколку мрени.
бојник 2 | м.
Војник. Момчето беше облечено како старовремски бојник со оклоп, копје и штит.
бојоса | св.
бољме | ср.
Тенок ѕид од плитар. Куќата беше со плитар и бољме. Немалтерисаните бољмиња се црнееја во далечината.
брав | м.
Овен. Постариот брат ги пасеше бравите, а помалиот јаловиците. Пушти им ги бравите навреме на овците да се измркаат и да се објагнат совреме, да ги извадиш јагнињата од зимата.
брава | ж.
Метална направа за затворање врата со клуч. Сандачето со пари беше од полирано дрво со цврста месингана брава.