бравар | м.
Занаетчија што изработува брави. Детето изучи за бравар.
браво! | изв.
За воодушевување, одобрување; одлично, прекрасно.
бравос! | изв.
брада | ж.
Дел од лицето под устата. Се покри до брадата. Неколку пати со дланката си ги истри очите, брадата и носот.
брадавица | ж.
Мал испапчен израсток на кожата. Војникот ја кубеше влакнестата брадавица на образот.
брадавичав | прид.
Што е со многу брадавици. Лицето му беше брадавичаво.
брадавичест | прид.
Што личи или има форма на брадавица. На крушката имаше безброј брадавичести израстоци.
брадавка | ж.
брадат | прид.
Човек што носи брада. Брадат човек.
брадва | ж.
Дрводелска секира, алат за делање штици за каци и сл.