аир | м.
Среќа, корист, добивка. Таму има аир. Од тоа нема аир.
аирлија | прид.
Што носи среќа. Беа биле аирлии и тие.
аирџија | м.
Човек што е среќен, што носи среќа. Аирџија си ми за на пазар.
ак | м.
Плата, награда. Си го зема акот, а службата не си ја врши.
ака | несв.
Скита, оди, шета без некаква цел и без потреба; талка. Тој ака по кафулиња.
Акад | м.
Припадник на древен народ во Месопотамија.
академец | м.
Ученик во воена академија. Тој е академец од првата повоена генерација.
академизам | м.
Одделување на науката од животот, претерано теоретизирање, научен формализам, затврдени школски форми, особено во уметноста. Со вдахновен актерски чин го облагородува креативниот израз, лишен од манирите на академизмот.
академик | м.
Член на академија на науките.
академија | ж.
Назив на највисока научна или уметничка установа. Македонска академија на науките и уметностите. Француска академија на науките.