азнадар | м.

Благајник

Азовско Море | ср.

Море во Европа опкружено со Украина и Русија.

Азорски Острови | и.

Португалски острови во северниот дел на Атлантскиот Океан.

азот | м.

Гас без боја, мирис и вкус, една од главните состојки на воздухот; симбол N.

Азот | м.

Област во Македонија.

азотен | прид.

Што содржи азот како главен елемент. Азотни ѓубрива.

азур | м.

Небесна синевина. Пукна длабокиот азур на морето.

азурен | прид.

Што има боја на азур, светлосин. Азурен фустан. Азурни очи.

аи! | изв.

Извик на изненада. Аи, колку пораснале!