браќа | м.
Множина од брат.
брбаланка | ж.
брбешка | несв.
Валка, прави да биде нечисто. Децата ги брбешкаат алиштата.
брбешкав | прид.
Што се брбешка, нечист. Тој е секогаш брбешкав.
брбла | несв.
Зборува многу, брбори. Жените на чешма брблаат по цел ден.
брбла | ж.
брблавица | ж.
Жена што многу брбла, што многу зборува. Жена брблавица е како празна воденица.
брблив | прид.
Што многу зборува. Брбливи жени.
брбливец | м.
Човек што многу брбла, што многу зборува. Ти си брбливец беден и измамник итар на зборови.
брбло | м.