брбне | св.

Наеднаш испушти глас по воздржување од смеење и сл. Не реков ништо, брбна Борис. Брбна да се смее.

брбор | м.

Звук што се слуша при брборење. Пристигнува доста тивок брбор што таа не е во состојба да го разбере јасно.

брбори | несв.

Зборува многу, сè и сешто, за сè и сешто. Таа везден брбори со сосетките.

брборка | несв.

брборка | ж.

Жена што многу брбори. Таа е голема брборка.

брборко | м.

Човек што многу зборува, што брбори. Брборко е тој и знае само да брбори.

брборлив | прид.

Што многу брбори. Брборлив маж. Брборлива жена.

брборливец | м.

Човек што многу зборува, што брбори. Тој е голем брборливец.

брбушка | ж.

Измет од ситен добиток, од зајак, глушец и сл.

брго | прил.

Брго чини абер на пашата. Коњот заоди побргу