брашнар | м.
Тој што продава брашно. Брашнарот не беше во дуќанот.
брашнарка | ж.
Жена на брашнар
брашнарница | ж.
Продавница за брашно. Тој отворил брашнарница во нашето соседство.
брашнен | прид.
Што е од брашно. Брашнена алва.
брашненик | м.
Сандак за чување брашно.
брашненце | ср.
брашнест | прид.
Што е како брашно, што личи на брашно. Брашнест шеќер.
брашник | м.
брашно | ср.
Производ добиен со мелење на житни култури. Пченично брашно. Пченкарно брашно. 'Ржано брашно.
брашноса | св.
Направи нешто да биде прекриено со брашно. Сеејќи го брашното, брашноса сè околу себе.