брикетира | св. и несв.

Произведе, произведува брикети. Тие брикетираа струготини од дрво.

брилира | св. и несв.

Свети, сјае. Кристалот брилира на сончевата светлина.

брилијант | м.

Природен бесценет камен, дијамант, брусен и обработен како накит.

брилијантен | прид.

Што се однесува на брилијант, брилијантски.

брилијантин | м.

Козметичко средство, масло за коса. Косата му беше зачешлана на патец и намачкана со брилијантин.

брилијантски | прид.

Што е од брилијант. Рацете ѝ беа искитени со два брилијантски прстена.

Брисел | м.

Главен град на Белгија.

брич | м.

Нож за бричење. Дедо ми се бричеше со брич.

бричи | несв.

Отстранува влакна од телото, најчесто од лицето, со брич. Тој ја бричи брадата, а јас не ги бричам ни мустаќите ни брадата.