бришалка | ж.

Крпа за бришење, бришка. Белата бришалка ѝ е префрлена на рамото додека ги мие чиниите.

брише | несв.

Трие по одредена површина со одредена цел, чисти нешто од некоја површина. Таа ја бришеше правта од сликите.

бришка | изв.

Извик со кој некој се брка ‒ бегај. Бришка!

бришка | ж.

Крпа за бришење во кујната. Како со бришка помината куќата, нема ништо.

бриџ | м.

Вид игра со карти.

Бриџтаун | м.

Главен град на Барбадос.

брка | несв.

Гони, тера. Ловците и кучињата го бркаа волкот. Аскерот ги брка голораките селани по полето.

бркалка | ж.

Лажица со која се меша, се брка тоа што се готви; боравалка. Бркалката обично е поголема дрвена лажица.

брканица | ж.

Бркање, гонење воопшто. Опасната брканица по планината продолжува.

бркне | св.

Изгони, истера малку, еднаш.