бркотија | ж.
Брканица, мешаница, метеж, дармар. Во салата настана невидена бркотија.
бркотница | ж.
Бркотија, мешаница. Штрајкот на камионџиите направи невидена бркотница во градот.
брл | м.
Болест кај овците во мозокот од која овцата само се врти.
брле | ср.
Оној што е брлив, глупав, будала. Брле ниедно! Тој е брле.
брлив | прид.
Што е болен од брл. Брлива овца.
брливи се | несв.
Се будали, се однесува како болен од брл.
брлог | м.
Легло за диви животни. Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја.
брмка | несв.
брмне | св.
Испушти звук со стиснати усни. Детето брмнало, а вие мислите прднало. Тој брмна нешто под носот и налутено ја тресна вратата.
брмчало | ср.
Дел од гајдата низ кој таа испушта звук на брмчење; брчало. Дулецот, писката и брмчалото ги подмачкуваат со маслиново масло за да не се исушат и да испукаат.