брмчи | несв.

Испушта звук на брмчење, зуење. Наоколу брмчеа пчели и бумбари.

Брно | ср.

Град во Чешка.

брод 1 | м.

Премин преку река каде што е водата поплитка. Длабоко море брод нема / убава Јана род нема.

брод 2 | м.

Превозно средство што се движи по вода; кораб. Товарен брод. Рибарски брод. Патнички брод. Воен брод.

Брод | м.

Село во областа Гора, Косово;

бродар | м.

Тој што работи со бродови, на кој му е струка бродарството. Од четиристотини бродари, во трпезаријата беа на ручек педесетина.

бродарство | ср.

Стопанска дејност што се занимава со производство и трговија со бродови. Таму е развиено бродарството.

броди | несв.

Плови. Домородците бродеа по океанот со примитивни кораби.

бродоградилиште | ср.

Претпријатие за градење и за ремонт на бродови, место каде што се градат бродови.

бродолом | м.

C_бродолома