бродоломен | прид.

Што се однесува на бродолом. Бродоломен бран.

бродоломец | м.

Човек што доживеал бродолом. Бродоломците поминале три месеци на овој гостољубив остров.

броен | прид.

Што се однесува на број. Бројна состојба. Броен однос.

броеница 2 | ж.

Детска песна во која се набројуваат повеќе работи во определен ритам. Браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев и Марко Цепенков запишале и публикувале значаен број детски песни, броеници, залагалки и детски игри

брои | несв.

Изговара броеви по ред. Тој ги броеше ударите на градскиот часовник. Таа брои до сто.

броило | ср.

Апарат, направа за мерење на потрошена енергија. Броило за електрична енергија.

броител | м.

Горниот број на дропката. Колку пати броителот се содржи во именителот?

брокат | м.

Вид свилена ткаенина со специфично ткаење, проткаена со златни или сребрени нишки. Купивме бел брокат за невестински фустан.

брокатен | прид.

Што е направен од брокат. Брокатен фустан.