брокер | м.

Тој што ги следи движењата на берзата, што тргува со вредносни хартии и посредува во берзанските работи.

бром | м.

Хемиски елемент, неговите соединенија се применуваат во фотографијата и во медицината; симбол Br.

бромен | прид.

Што се однесува на бром, што содржи бром.

бронза | ж.

Легура на бакар, цинк и железо. Бронзата од свешникот на малото масиче светкаше како злато.

бронзен | прид.

Што е од бронза. Бронзен штит. Бронзен сад.

бронка | ж.

Мал воспален израсток на кожата; мозолче. Косата му се наежи, а околу тукушто никнатите влакна од брадата, му се појавија бронки.

бронкав | прид.

Што се однесува на бронка, што е во некоја релација со бронка; Бронкаво лице.

бронхии | и.

Душници, гранчиња од душник составени од 'рскавичави прстени меѓусебно поврзани со сврзливо ткиво и мускули.

бронхнтис | м.

Воспаление на слузницата на бронхиите. Децата во Скопје често заболуваат од бронхитис.

брончест | прид.

Дебела, брончеста и масна, таа не ја пушташе сестра си од око.