брош | м.

Женски накит што служи за украс или за закопчување на фустанот во висина на градите. Лесниот шал поигруваше на неа, а брошот од аметист се поместуваше од едната страна на градите на другата.

брошира | св. и несв.

Прошие, прошива, подврзе, подврзува книга во мека подврска.

брошура | ж.

Книга со помал број страници, во мека подврска за некое актуелно прашање, со информативна содржина и сл.

број | м.

Точно определена вкупност на единици во едно количество; множество. Бројот на заболените се намалува. По бројот на снопјето се одредувал данокот за спахијата.

бројач | м.

Лице што брои.

бројка | ж.

Знак за број. Покрај секое име запишуваше бројка.

бројници | ж.

Низа од зрна, најчесто од килибар, наменети за забава или молитва во одделни религии со префрлање на зрната натаму‒наваму. Низ прстите му минуваат дрвени бројници

бројчаник | м.

Плоча со бројки, цифри, на часовник, на телефонски апарат и сл. Врти на телефонскиот бројчаник: 20‒371.